Во рамките на 24. коло на Првата македонска фудбалска лига имаше неколку изненадувања.
Рундата тргна со дербито меѓу Вардар и Шкендија в петокот (1-1). Продолжи со петте денешни меча, а најизненадувачки беа победите на Беса над шампионот Струга (3-2) и Тиквеш против Гостивар (2-1). Исто така и Пелистер како гостин и тоа со човек помалку го победи Шкупи (0-1).