Сите го сакаат Конти, Милан најблиску до неговиот потпис

by
1 минути читање

23-годишниот Андреа Конти од Аталанта иако игра на позицијата лев бек и лево крило, оваа сезона постигна осум гола во Серија А, имаше и четири асистенции.

Тој го привлече вниманието на повеќе европски гиганти и повеќе од сигурно е дека ќе направи трансфер во летниот преоден рок, сумата која ја сака Аталанта е 20 милиони евра.

Според „Тутомеркато“, Милан е најбилску до негов ангажман, а тие веќе го договорија и Франк Кеси од Аталанта па добро одат преговорите помеѓу двата клуба.

За Конти има интерес од клубови од цела Европа, вклучувајќи ги и Наполи, Челси, Интер и Баерн Минхен.

Тој има договор со Аталанта до јуни 2021 и е производ од нивната академија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани