Новиот премиер на
Шпанија, Педро Санчез го посети тренинг кампот на селекцијата на Шпанија, за да
им посака среќа на претстојното Светско Првенство во Русија кое стартува идниот
месец.
По неговото
обраќање кон фудбалерите, тие му возвратија со аплауз, но, Давид Де Хеа беше со
рацете во своите џебови, а причината е јасна.
Ново избраниот
шпански премиер пред само две години имаше изјава за јавноста во која
потенцираше дека Де Хеа не би требало да биде дел од тимот на шпанската
селекција поради критиките против него за секс скандалот од пред неколку
години.
Ќе потсетиме дека
Де Хеа своевремено беше обвинуван за малолетничка проституција и порнографија, но, тој ги негираше тие обвинувања кон него.
Инаку Шпанија
Мундијалот го почнува во дуелот против својот сосед Португалија на 15 јуни, а
покрај тој ривал, за противници во својата група „Б“ ги има уште и Мароко и
Иран.