344
Неверојатен
учинок запиша нашиот голман Дамјан Шишковски на денешното гостување на Докса
кај Пафос во рамките на 36 коло од најсилната фудбалска дивизија на Кипар.
Докса загуби со
2-1, меѓутоа Шишковски го одбележа мечот со два одбранети пенали за домаќините,
Македонецот успешно интервенираше најпрво во 67 минута кога биеше Валакари, а
потоа и во 78 минута при обидот на Беригад.
Инаку Докса е
сигурна на деветата позиција на табелата во рамките на плејаут фазата за
опстанок во елитното друштво на Кипар, најмногу благодарение на подобрата гол
разлика во однос на Неа Саламис на едно коло до крајот.