166
Лутите градски
ривали ги поделија бодовите, вечерва на „Ванда Метрополиано“ мрежите мируваа.
Атлетико и Реал понудија сиромашно „Ел Мадрлењо“ со многу мускули и малку
убавина.
Во прв план на
Симеоне и Зидан им беше да останат непоразени, па љубителите на фудбалот не
видоа ниту една 100% шанса. Облак и Куртоа имаа малку работа, беа приморани да
интервенираат еднаш или два пати.
Најголема мака
виде голманот на Атлетико кога во 75. минута од мечот Бензема биеше со глава, а
Облак со убава парада спречи водство на „кралевите“.