Прославениот
англиски напаѓач Алан Ширер смета дека на Ливерпул не би требало да му биде
врачена титулата од Премиерлигата за актуелната сезона, се дур не се комплетира
целата сезона, која во моментов е суспендирана како дел од мерките за
спречување на коронавирусот.
На Островот, а
воедно и во другите делови од Европа на големо се разви прашањето што понатаму
доколку шампионатите немаат услови да ја заокружат актуелната сезона, што се
однесува пак до Премиерлигата, таа ќе биде суспендирана до 3 април, меѓутоа
извесно е дека тоа ќе биде и дополнително пролонгирано.
„Доколку сезоната
не може да се комплетира, не постои начин да имате победник или поразен“ ги
пренесе своите ставови Ширер во „Сан“.
„Колку сурово,
толку и ужасно би било таквото сценарио за некои клубови, никој повеќе од
Ливерпул, тоа според мене е единствениот исход во една ваква ситуација“ додава
тој.
„Во случај да не
сте во можност да ги комплетирате останатите предвидени кола, во тој случај не
можете да се држите до некој став да му врачите титула на некој клуб, или некој
клуб да испадне од првенството“ вели Ширер.
„За Ливерпул тоа
би било сурово, неверојатно сурово, но, едноставно не гледам ништо фер во тоа
да им се додели титулата, и покрај фактот што е очигледно дека никој не може да
ги престигне, потребни им се само шест бода за титулата, но, истите се уште ги
немаат освоено, меѓутоа, друга опција јас лично не гледам“ заклучува
легендарниот напаѓач.