Синот на Зидан ќе дебитира за Алжир, може да брани против вардарецот Мато

by 24 фудбал
1 минути читање

Лука Зидан голманот на Гранада и син на легендарниот Зинедин Зидан, доби прв повик во репрезентацијата на Алжир за претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026.

Зидан досега настапуваше за младинските селекции на Франција, но никогаш не доби шанса во сениорскиот тим. Тоа му ја отвори вратата да ја претставува земјата од која потекнува неговото семејство. ФИФА пред две недели ја потврди промената на спортско државјанство, со што 26-годишниот голман официјално стана дел од алжирскиот национален тим.

Зидан во својата кариера одигра и два натпревари за Реал Мадрид, во периодот кога неговиот татко беше тренер на „кралевите“.

Селекторот Владимир Петковиќ го вклучи на списокот од 26 фудбалери за дуелите со Сомалија на 9 октомври и со Уганда пет дена подоцна, дуел на кој веројатно ќе настапи вардарецот Роџерс Мато.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×