Синот на Роналдињо повторно го менува клубот

by Стефан
1 минути читање

Синот на славниот Роналдињо, Жоао Мендеш де Асис Мореира, е на чекор до трансфер во англискиот Хал Сити.

Според пишувањата на британските медиуми, 19-годишниот Бразилец треба да пристигне како слободен играч откако во летниот преоден рок се раздели со Барнли. Во новиот клуб ќе му се приклучи на составот до 21 година.

Минатата сезона тој настапуваше за младинскиот тим на Барнли, каде постигна еден гол и запиша две асистенции во младинската Премиер лига.. Иако имаше важечки договор на две години, двете страни одлучија да ја прекинат соработката.

Мендеш најчесто игра како лево крило, а претходно во кариерата ги носеше дресовите на Фламенго, Васко да Гама, Боависта, Крузеиро и младинскиот состав на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×