87
„Росонерите“ за
прв пат по 2014 играат во Европа, новиот кинески Милан беше топ тема пред
почетокот на третото коло во квалификациите од Лига Европа, но вечерва сите
зборуваат за синот на Ривалдо.
Ривалдињо, кој
настапува за Динамо Букурешт, го постигна голот на вечерта во најмасовното
европско натпреварување.
Бразилецот против
Атлетик Билбао испали проектил од преку 25 метри и ја „искина“ мрежата на
гостите.
Неговиот татко
беше на трибините и полуде од радост заедно со фановите.