Диего Марадона
Јуниор, синот на прославениот аргентински легендарен фудбалер, не ги крие
импресиите од тоа што Хамес Родригез го одбра Наполи за негов следен клуб во
кариерата, а трансферот е пред реализација претстојниве денови.
Колумбиецот не е
во плановите на Зинедин Зидан за идната сезона, па ова лето мораше да пронајде
нов клуб откако претходно му истече двегодишната позајмица во Баерн Минхен, а
германскиот првак не сакаше да ја активира опцијата да му го откупи договорот.
„Секогаш му
коментирам на неговите фотографии на социјалните мрежи да оди во Наполи“ вели
Марадона Јуниор.
„За мене тоа е
огромно задоволство, пред извесен период тој стави „лајк“ на еден од моите
коментари, остварување на сонот е Хамес да потпише за Наполи, фудбалер од таква
класа, левак, може да внесе голем квалитет во тимот“ посочи тој, а воедно
испрати и совет до Колумбиецот во однос на популарната „десетка“ во Наполи,
број на дрес кој го носеше неговиот татко.
„Немој ни да си
го допрел дресот со број „10“, тоа е приватен имот за семејството, постоеа
одредени шпекулации дека истиот ќе му биде врачен на Игуаин кога тој пристигна
во тимот, потоа и за Инсиње, но, тоа треба да биде исто како во НБА, доколку
пензионирате одредена бројка на дрес, не можете повторно да ја користите“
заклучи Марадона Јуниор.