Синот на газдата на Арсенал со отворено писмо до навивачите на Премиерлигашот

by
2 минути читање

Џош Кроенке со
отворено писмо се обрати до навивачите на Арсенал кои изминатиов период не
можат да се помират со тоа како клубот се однесува на трансфер пазарот, па така
следеа бурни реакции поради тоа што Топчиите и натаму важат за клуб кој не е
активен на тоа поле.

Во текот на
вчерашниот ден фановите на Арсенал обединето го кренаа својот глас против
насоките по кои се движи клубот под сопствеништво на Стен Кроенке.

Поддржувачите на
тимот од Лондон со отворено соопштение во јавноста ги прозваа лидерите на клубот
кои ги нарекоа“пасивни“, како и “инвестиционо возило“.

Директорот на
Арсенал, Џош Кроенке, инаку син на газдата на клубот, Стен Кроенке, одговори на
коментарите на навивачите на Премиерлигашот и со отворено писмо до нив им објасни
за тоа кои се намерите и идеите во клубот.

Во текот на
годините ние свртивме нова страница во нашиот традиционален модел на
фудбалските операции, кои вклучуваа Менаџер, Извршен директор, во ново скалило
во Арсенал кој е предводен од Раководител и Директор-менаџер на клубот. Од
назначувањето на Унаи Емери како тренер ние продолживме по патот да развиеме
една модерна инфраструктура, дизајнирана да оди напред, сево ова бара период,
но, тоа е секогаш така во вакви случаи кога се работи за поставување на нов
оперативен модел
“ вели тој, а потоа објаснува како на клубот му е потребен
период за да се стабилизира, повеќе отколку да се случат промени во тимот.

Сакаме да бидеме
јасни во една работа, ние сме во спортот поради една причина, една и
единствена… да победиме. Не постои подобро чувство од победата во спортот,
знаеме дека е потребна максимална работа, целосно ги разбираме навивачите кои
посакуваат успех веднаш, ќе продолжиме со работа за да ги задвижиме работите
напред, но и ќе се обидеме да го балансираме краткиот со долгиот период без да
ги нарушиме принципите по кои се води клубот
“ додава Кроенке.

Јас со моето
семејство бев во Баку на финалето од Лига Европа, бев на теренот по крајот на
мечот претставувајќи го нашиот клуб како второпласиран во тоа натпреварување, ја
видов и почувствував истата фрустрација на лицето на секој навивач на Арсенал,
фудбалер, како и дел од стручниот штаб
“ вели тој.

Не сме ни малку
наивни да помислиме дека нашите амбиции ќе бидат исполнети преку ноќ, ќе имаме
и победи, но и порази во иднина, ние ќе ви се заблагодариме на континуираната
поддршка, ние ќе продолжиме напред за да креираме нова, горделива историја на
Арсенал
“ стои во писмото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×