Синот на Џиџи Буфон донесе одлука – ќе игра за Чешка!

by riste
1 минути читање

Џанлуиџи Буфон е вистинска легенда на Италија, тој и сега е дел од стручниот штаб на италијанската репрезентација, но и покрај тоа, неговиот син Луи Томас Буфон реши да игра за Чешка.

Луи е роден во Торино, но има двојно државјанство бидејќи неговата мајка е од Чешка, телевизиската водителка и манекенка Алена Середова.

Иако многумина очекуваа да ги следи стапките на татко му, сепак тој реши да ја исполни желбата на мајка му.

„Мајка ми е многу среќна, но и татко ми е задоволен откако првпат добив можност да заиграм на репрезентативно ниво. Се уште не зборувам добро чешки јазик, но веднаш штом разбрав дека имам покана за настап, почнав да го учам. Роден сум и израсната во Италија, ама сум 100% професионалец и ќе ја вршам работата најдобро што можам“, изјави помладиот Буфон.

17-годишниот Буфон пред десет дена дебитираше во сениорскиот фудбал, тој е член на Пиза од Серија Б. Веднаш потоа доби повик од чешката репрезентација до 18 години за која ќе настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани