Синот на Буфон реши да заигра за земјата на неговата мајка, па даде убав деби-гол (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Синот на италијанскиот легендарен голман Луис Буфон реши да настапува за младите репрезентации на Чешка и тоа по совет на неговиот татко.

Младиот Буфон е крилен напаѓач кој игра во Серија Б за екипата на Пиза. Сега во мартовскиот циклус тој го имаше дебито за селекцијата на Чешка до 18 години. На својот втор натпревар Луис Буфон доби топка на центарот, се проби до голот и реализира во победата на Чешка над Франција од 4-1.

Оваа сезона Луис Буфон за екипата на Пиза одигра 22 натпревари и постигна шест погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани