158
Синиша Михајловиќ се најде на насловната страна на Кореире дело Спорт но не поради арно. Весникот во вест со наслов „Форца Синиша!“ пренесе дека стратегот е болен и тоа сериозно.
Во моментов нема информации за што станува збор, и се очекува во текот на денот да биде испратено соопштение или Србинот да се појави на прес конференција за да ја објасни ситуацијата.
Но поради болеста Синиша Михајловиќ ќе мора да се повлече од кормилото на Болоња. „Тој повеќе нема да може да ја предводи Болоња. Го чека друга битка, за животот“.
