Симпатичниот Комо се распадна во Милано, Интер покажа шампионски квалитет! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Комо беа во низа од дури 12 натпревари без пораз, но денеска во Милано целосно се распаднаа во пресметката со Интер кој славеше со 4-0.

Со оглед на формата се најавуваше дека четата на Фабрегас може да создаде поблем на „нераѕурите“, но на теренот ситуацијата беше многу поинаква. Резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во 11-тата минута и тоа беше единствениот гол во првото полувреме.

Во вториот дел Интер комплетного прегази ривалот, Турам зголеми на 2-0 по еден час игра, додека во 81. минута Чалханоглу постигна убав гол за веќе 3-0.

Точка на натпреварот стави Карлос Агусто во 86. минута од средбата кога погои за конечни 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×