Симоски го истрча речиси целиот терен и даде гол! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Вчера (сабота) во натпревар од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Осогово со 3-1 славеше над Беласица на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, а посебно интересен беше голот на Марио Симоски.

Фудбалерот на Осогово ја освои топката од пред својот шеснаесетник, го претрча целиот терен и го матираше голманот на Беласица поставувајќи ги конечните 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×