Диего Симеоне
потврди дека Диего Годин ќе стартува на утревечерниот реванш меч кај Јувентус
во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако претходно шпанскиот прволигаш
обезбеди победа од 2-0 пред своја публика.
Шефот на
стручниот штаб на Атлетико Мадрид во пресрет на реваншот предупреди за
големината и квалитетите со кои располага италијанскиот првак, тој подвлече
дека Јувентус не е само Кристијано Роналдо, а додаде дека е многу тешко да се
издвои кој е фаворит, дури и во услови кога неговата екипа има одлична предност
од 2-0.
„Првиот меч е
само еден момент, вториот е сосема друг. Секој сака да биде максимално
подготвен и организиран, но во фудбалот има детали кои едноставно не можат да
се објаснат или предвидат, тоа е тоа што овој спорт го прави фантастичен“ рече
Симеоне.
„Ќе бидеме
подготвени за дуел против мошне силни фудбалери, Јувентус не е само Кристијано
Роналдо, тие го имаат исто така и Бернардески, Дибала… кој и да игра со
Манџукиќ и Роналдо ќе ни даде предупредување дека треба да бидеме максимално
фокусирани“ додаде тој.
„Станува збор за
две квалитетни екипи, една од овие две екипи ќе продолжи понатаму, другата нема
да го стори тоа, тешко е да говориме за тоа кој е фаворит во една ваква
ситуација“ заклучи Симеоне.