80
Стратегот од
клупата на Атлетико Мадрид, 47 годишниот Диего Симеоне потпиша нов договор со шпанскиот
прволигаш, кој го обврзува на верност со клубот до 2020. година.
Аргентинецот лани
го скрати договорот со тимот од Мадрид на две години, но уште тогаш најави дека
тоа ништо не значи, па денес стави крај на сите шпекулации кои го поврзуваа со
евентуално заминување од клубот.
Симеоне е на
клупата на Атлетико Мадрид веќе шест години, во 2012. година ја освои Лига
Европа, додека пак две години потоа го
подигна пехарот во Ла Лига, има и една титула во Купот на Шпанија.