Симеоне го кодошеше Рамос кај линискиот судија: Како можеш да го дозволиш тоа? Ти рече ку*вата што те родила! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Без многу возбуда
и контроверзии на теренот, Диего Симеоне се обиде да ја разгори ситуацијата на
дербито на Мадрид.

Кон финишот на
првиот дел, Серхио Рамос му дофрли нешто на помошникот, веројатно
пцовка, а тренерот на Атлетико жестоко протестираше и бараше казна за капитенот
на „кралевите“..

Тој најпрво му се
пушти на линискиот судија и му кажа: „Како може да го дозволиш тоа? Ти рече
„ку*вата која те родила!““.

Темпераментниот
Аргентинец потоа влезе во расправија и со четвртиот судија, кој се обидуваше да
ги смири страстите. Во целата дебата се вклучи и фитнес тренерот Профе Ортега,
кој го потсетуваше четвртиот судија дека Диего Коста за слична пцовка против
Барселона доби црвен картон, а потоа и суспензија од осум меча.

Кога главниот
судија означи крај на првиот дел и играчите се упатија кон тунелот и соблекувалните, Диего Симеоне се уште протестираше, покрај
него најпрво помина Серхио Рамос кој само го поздрави, а потоа Касемиро имаше краток разговор со стратегот и се обиде да го смири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×