162
31 годишниот Давид Силва
стави потпис на нов договор со Манчестер Сити кој го обврзува на верност со
тимот до 2020. година, доколку го одработи во целост овој договор ќе мине точно
10 години во овој клуб.
„Горд сум на сето тоа
што го остварив со Манчестер Сити за овие седум ипол години. На чело со Пеп
Гвардиола мислам дека сме во добра позиција за освојување на трофеи, како оваа,
така и во следните сезони. Задоволство е да се биде дел од тим кој негува ваков
стил на игра“ изјави Шпанецот.
Силва во редовите на Премиерлигашот пристигна во 2010. година, досега забележа 234 настапи во дресот на Манчестер Сити и постигна 40 погодоци.
Фото-вест: mancity.com