Бернардо Силва влегува во последната година од договорот со Манчестер сити и многу е извесно дека ова ќе биде неговата последна сезона на „Етихад“.
Веќе подолго време се шпекулира дека Португалецот, слично како и Кевин де Брујне минатата сезона, е блиску до крајот на својата блескава етапа во Манчестер.
Силва пристигна во 2017 година за 50 милиони евра и дефинитивно ги оправда вложените паари, освои буквално сè, меѓу кои шест титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите. За „граѓаните“ одигра неверојатни 414 натпревари, постигна 72 гола и запиша 74 асистенции, но изгледа дека разделбата е на повидок.
„Точно знам што ќе направам, но сега не е момент да зборуваме за тоа. Во овој период најважно е да бидам целосно фокусиран на Манчестер сити и да дадам максимум за клубот повторно да се најде таму каде што заслужува да биде“, изјави Силва.
Претходно се пишуваше дека Силва има богати понуди од Саудиска Арабија, меѓутоа спореед информациите неговата желба е да остане во Европа.