Силекс убедлив против Работнички, Брера ги собра трите бода против Шкупи

by riste
1 минути читање

Денеска се одиграа два натпревари од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Силекс со 3-0 славеше на гостувањето кај Работнички, Брера со 3-1 го победи Шкупи.

Кратовчани работата ја завршија уште во првото полувреме кога ги постигнаа трите погодоци. Мирчевски ја најави победата со два брзи гола во 10-тата и 13-тата минута, додека третиот гол кој беше дело на Додев гостите го постигнаа пред крајот на првот дел во 44. минута.

На табелата Силекс сега со овие три бода е на 31 и се наоѓа на четвртата позиција зад Вардар, Струга и Шкендија.

Сигурна во својот натпревар беше и Брера која го совлада Шкупи на гости во Чаир со 3-1.

Шкупи првиот дел од сезоната го завршува како единствен без победа и со само еден бод во 16 натпревари, Брера е прва над опасната зонна на седмата позиција со 19 и за нив денешниот триумф беше прв по пет натпревари без победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×