Силекс, Шкупи и Струга го почнуваат настапот во Европа

by
1 минути читање

Шкендија неславно ја отвори европската сезона за македонските клубови, со пораз на домашен терен од Мура во квалификациите за ЛШ, сега на ред се останатите три претставници.

Силекс, Шкупи и Струга Трим Лум ја претставуваат Македонија во квалификациите за новоформираната Конференциска лига.

За Струга Триум Лум ова ќе биде деби настап на европската сцена, тие за противник го имаат летонскиот луб Лиепаја. Првиот меч го играат на гостински терен од 16 часот.

Во истиот термин на теренот на ФФМ, Силекс ќе ја пречека екипата на Петрокуб од Молдавија. Кратовскиот тим како второлигаш ќе ја претставува Македонија.

Фаворитска улога ќе има единствено Шкупи кој на хартија има поголеми шанси од косовскиот ккуб Лапи. Чаирскиот тим е домаќин на првиот меч коој се игра вечерва од 20 часот.

Со оглед на настапите на македонските екипи во Европа во изминатите години, целта е оваа година достојно да се презентираме, без срамни порази. За нешто повеќе реалните шанси се мали, но надежта секогаш постои.

Конференциска лига:

Лиепаја (Лет) – Струга ТЛ 16:00

Силекс – Петрокуб (Мол) 16:00

Шкупи – Лапи (Кос) 20:00

Можно е и ова да ти се допаѓа

×