Силекс се засили со босански дефанзивец

by riste
0 минути читање

Силекс промовираше засилување во дефанзивата за новата сезона, потпиша со Едис Бутуровиќ од Босна и Херцеговина.

Станува збор за 22-годишен стопер кој во Силекс доаѓа од тимот на Игман Коњиќ.

Бутуровиќ потекнува од школата на Велеш Мостар, има настапи за селекцијата на БиХ до 19 години.

Покрај на стоперската позиција може да настапува и како бек на двете страни.

Неговата вредност според „Трансфермаркт“ во моментов му е 200.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×