Силекс освои важни бодови против Академија Пандев, но малку фалеше да загуби предност од три гола

by
1 минути читање

29. коло од ПФМЛ имаше ефикасно отварање, во меч со пет голови Силекс ја победи екипата на Академија Пандев.

Резултатот беше отворен уште во 17. минута кога по една мешаница Тантуровски ја протна топката во мрежата на гостите. Само шест минути подоцна Давид Манасивски зголеми на 2-0. Во 75. минута Ѓоргиев го постигна третиот гол за Силекс.

Во следната минута беше досуден пенал за Академија Пандев кој го реализираше Радески за 3-1. Во 82. минута Димовски погоди за 3-2 и интересен финиш на мечот, но кратовскиот тим успеа да го сочува водството.

Утре се играат преостанатите пет натпревари: Македонија ЃП – Струга ТЛ, Пелистер – Ренова, Шкендија – Борец, Шкупи – Работнички и Вардар – Беласица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×