Екипата на Силекс е во Азербејџан, веќе и тренираше на стадионот во Баку на кој утре од 18 часот игра против Карабах.
„Карабах е силен тим, кој што има неколку репрезентативци. Дојдовме тука за исполнување на сонот. Не размислуваме за пари. Дојдовме да го исполниме на сонот. Пред извесно време размислувавме за опстанок, а сега играме во ЛШ. Резултатот може да биде 0:0, 0:5 или 0:7, нема разлика. Важно е да ја доживееме емоцијата на ЛШ. Никој не ни даваше шанса, но во финишот одигравме одлично, и еве не во ова натпреварување“, вели тренерот на Силекс, Горан Симов.
Силекс заврши на второто место кога првенството беше прекинато, но откако Вардар не доби лиценца за настап во Европа, тие добија шанса да играат во квалификациите од Лигата на шампионите.
