Силекс ја победи Ренова и се врати на врвот, Шкендија одигра само реми против Борец

by
1 минути читање

Дуелот меѓу двата претставници на Македонија во Европа, го доби Силекс кој сега има исто бодови колку и Шкупи, но подобра гол разлика.

Ренова поведе уште во осмата минута преку Рамадани, а во финишот од првото полувреме за три минути Силекс постигна два гола преку Ѓоргиев и Ристов за комплетен пресврт и водство од 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Ѓоргиев со својот втор гол на натпреварот.

Шкендија беше немоќна во дуелот со Борец, одигра само 1-1 на свој терен.

Борец поведе во 19. минута преку Марио Станковски, 15 минути подоцна Дита изедначи на 1-1.

По четири одиграни кола Силекс и Шкупи имаат по десет бода, Шкендија е трета со осум, следува Македонија ЃП со шест бода, по пет имаат Работнички, Ренова, Пелистер и Борец. Струга ТЛ и Вардар имаат по четири, Академија Пандев е претпоследна со три, а Беласица се уште нема освоено бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×