Шик пристигна во Јувентус за 30 милиони евра (ФОТО/ВИДЕО)

by
1 минути читање

Талентираниот
чешки напаѓач ги засили редовите на Јувентус, кој на Сампдорија на три рати во
тригодишен период треба да и исплати вкупно 30 милиони евра за реализација на овој
трансфер.

Јувентус издвои
дури пет милиони евра повеќе во однос на износот кој беше во неговата откупна
клаузула во договорот со Сампдорија.

21 годишниот Патрик
Шик веќе пристигна на лекарски прегледи во Торино и се очекува да стави потпис
на повеќегодишен договор со шампионот на Серија А.

Чехот минатата
сезона во дресот на Сампдорија постигна 11 погодоци во Калчолигата, беше мошне
интересен напаѓач на европскиот трансфер пазар.

Сампдорија одигра
мошне паметно во целата оваа ситуација ако се земе во предвид дека лани за истиот
фудбалер плати 4 милиони евра обештетување на Спарта Прага.

За трансферот
официјална потврда пристигнува и од официјалните страни на клубот на
социјалните мрежи.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани