156
Џорџо Кјелини
беше доста гневен по одлуката за пенал во самиот финиш од средбата со Реал
Мадрид, по што Јувентус иако имаше можност да игра и продолженија, на крајот
доживеа елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Италијанскиот
дефанзивец беше уловен од камерите за својата гестикулација кон Рафаел Варан,
кон кого испрати порака „Вие плаќате“, мислејќи на тоа дека официјалните лица кои ја делеа правдата се потплатени од страна на тимот од Мадрид, а сигурно дека поради ова ќе добие казна
од Европската куќа на фудбалот – УЕФА.