Сигурни победи за Германија и Англија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фаворитите успешно ги поминаа денешните пречки во квалификациите за Светското првенство 2018 кое ќе се одржи во Русија.

Задачата на Германија беше во Азербејџан. Германците немаа проблеми и лесно со 4-1 го добија натпреварот.

Резултатот беше отворен уште во 19. минута со гол на Шурле. Домаќините успеаа да изедначат преку Назаров во 31. минута.

Но радоста на Азербејџан не траеше многу, само пет минути подоцна Милер го врати водството на Германија, а пред самиот крај на првото полувреме Гомез зголеми на 3-1.

Шурле ја отвори и ја затвори серијата голови, со негов погодок во 81. минута беа поставени конечните 4-1.

Германија со 2-0 ја совлада селекцијата на Литванија и запиша нови три бода на своето конто.

Дефо донесе водство во 22. минута, а во второто полувреме победата ја завери Варди во 66. минута.

Најубедлива беше Чешка која со 6-0 славеше на гостувањето кај Сан Марино, Ерменија со 2-0 го победи Казакстан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани