Ромелу Лукаку
оваа недела откри дека нема намера да стави потпис на нов договор и покрај тоа
што му беше понудена можност да стане играчот со највисока плата во историјата
на Евертон.
Па се очекува
летоска тој да замине од Гудисон Парк, а според добро упатениот новинар Мет
Лу, Челси внимателно ја следи ситуацијата.
„Сините“ долго
време се поврзуваат со враќање на Белгијанецот во своите редови и летоска ќе
достават понуда.
Но Ромелу Лукаку
не е единствениот играч од Евертон на кого внимава Челси, Телеграф и Мет Лоу
пишуваат дека и Рос Баркли е желба на „Сините“.
Англичанецот има
договор до 2018 и преговорите тапкаат во место, па клубот од Стемфорд Бриџ сака
да ја искористи ваквата ситуација.
Челси е спремен
да плати 100 милиони фунти за во пакет да ги ангажира Ромелу Лукаку и Рос Баркли.