„Си одам од Мадрид, нема враќање назад“ – Роналдо им се доворел на соиграчите од Португалија

by
0 минути читање

Продолжуваат сториите за заминување на Кристијано Роналдо од Сантијаго Бернабеу, вест која утрово ја пренесе португалскиот весник А Бола.

Вечерва Марка пренесе дека Кристијано Роналдо за својата одлука ги известил и колегите од репрезентацијата.

„Си заминувам од Мадрид, донесов дефинитивна одлука. Нема враќање назад“ – им соопштил ЦР7 на сонародниците во тренинг кампот на Португалија.

Се верува дека Кристијано Роналдо се решил на еден ваков чекор поради обвинувањата за затајување данок, како и тоа што Реал Мадрид не застанал поцврсто во негова одбрана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани