„Шверцери“ го прекинаа тренингот на Шкупи поради лагите на управата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Шкупи се соочува со сериозна внатрешна криза, откако денешниот тренинг беше прекинат од страна на навивачката група „Шверцери“, кои на овој начин го изразија своето незадоволство од раководењето со клубот.

Навивачите се појавиле на тренингот и директно го прекинале, поради, како што велат, лажните ветувања и манипулациите од управата на клубот. Според нив, во Шкупи владее тотално непочитување кон навивачката база, нема транспарентност, нема дијалог, а клубот се оддалечува од вредностите што треба да ги претставува. Во соопштението што го објавија, „Шверцери“ порачаа:

Денеска Шверцери го прекинаа тренингот на ФК Шкупи!
Причина? Неискреноста и бескрајните измами од раководството на клубот!
Празни ветувања, одложени средби и тотално непочитување кон оние што го одржаа клубот во живот – Шверцери!
Ние не сме гледачи, ние сме вистинскиот глас на Скопје!
Нема фудбал без почит кон трибините!
Додека нема искреност и транспарентност, ништо нема да функционира нормално.
Не ја тестирајте нашата трпеливост, затоа што историјата покажа кој одлучува во овој град…
ФК Шкупи припаѓа на скопјани, а не на измамници!

Од клубот сè уште нема официјална реакција по денешниот инцидент, но атмосферата околу тимот е далеку од идеална на само неколку недели пред стартот на новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×