Германскиот професионален фудбал пишува ново историско поглавје и за првпат една жена ќе застане на чело на клуб од Бундесслигата.
Како што пренесува „Билд“, Швајцарката Татјана Хани ќе ја преземе функцијата извршна директорка на Лајпциг кој во овој момент е најблизок конкурент на табелата на Баерн Минхен.
Иако за дел од јавноста нејзиното име можеби не звучи познато, Хани има исклучително силно портфолио во светот на фудбалот. Таа е поранешна швајцарска репрезентативка со 23 настапи, а по завршувањето на играчката кариера доби значајна улога во УЕФА, каде работеше на развојот на женскиот фудбал.
Во Лајпциг доаѓа од позицијата директорка на американската професионална женска лига, функција што ја извршуваше од 2023 година.