Штрајкот на Роналдо е само почеток, ЦР7 би можел да се врати во Европа?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Португалија пренесуваат дека Кристијано Роналдо има опција во јуни да ја напушти Саудиска Арабија, напаѓачот наводно размислува и за еден ваков драстичен потег како одговор на најавите за трансфер на Карим Бензема во Ал Хилал.

Кристијано Роналдо попладнево не се најде во составот на Ал Наср за средбата против Ал Ријад, Португалецот реши да штрајкува по најавите за трансфер на Карим Бензема во Ал Хилал.

ЦР7 смета дека лидерот во првенството на Саудиска Арабија има повластен третман и една ваква зделка ќе ја наруши фер конкуренцијата во лигата.

Напаѓачот исто така негодува што неговиот Ал Наср не добива засилувања, па доколку нешто не се промени, тој може да повлече драстичен потег и да го напушти клубот.

Весникот Рекорд вели дека Кристијано Роналдо има опција со која може да замиине Саудиска Арабија во јуни, и летоска да се врати во Европа, или пак да се пресели во САД, каде веќе е Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×