Англискиот гигант Ливерпул се подготвува за уште еден богат преоден рок, а овојпат вниманието е насочено кон тинејџер кој сè уште нема сениорски настап.
Станува збор за 17-годишниот бразилски талент Ерик Беле од Палмеирас, кој досега нема дебитирано за првиот тим, иако еднаш бил дел од ростерот. За младиот фудбалер интерес покажуваат и ПСЖ и Парма, но Ливерпул е најконкретен.
Наводно на адреса на Палмеирас веќе пристигнала понуда од 20 милиони евра, но бразилскиот клуб бара двојно повеќе. Англискиот клуб е подготвен да ја плати таа сума и се очекува да ја добие трката за потписот на младиот Бразилец.
Ако се реализира трансферот, тоа би било одлична слика за денешниот фудбал во кој „големците“ плаќаат огромни суми, па дури и за играчи без професионални настапи.