Што се крие зад бизарната стратегија на ПСЖ и „рогање“ на топката во аут со почетниот удар (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

„Светците“ на невообичаен начин ги стартуваат натпреварите, при почетниот удар ја „рогаат“ топката во аут, па многумина се зачудени од ваквата бизарна стратегија на Луис Енрике.

Љубителите на фудбалот кои оваа сезона внимателно ги следат натпреварите на ПСЖ сигурно забележале една чудна ситуација – кога „светците“ го изведуваат почетниот удар ја „рогаат“ топката во аут.

Ова особено дојде до израз на Светското клупско првенство, кога Витиња директно од центарот, без да проигра соиграч, ќе испратеше долга топка во аут, по можност што поблиску до корнер знаменцето.

На прашањето на новинарите, Луис Енрике вели дека тактиката ја копирале од Лион, и без да навлегува во детали порача: „Противниците ќе ве прочитаат, во фудбалот нема магично стапче. Мора постојано да се менувате и да се развивате“.

Во минатото, екипите кои на ваков начин го изведуваа почетниот удар обично имаа комплекс на инфериорност, не сакаа да ја имаат топката на својата половина, ниту пак да ги имаат противниците на својата половина уште на самиот почеток.

Но ПСЖ е тим кој сака да ја има топката во свој посед, а и знае да се справува под притисок па прашањето е зошто се решаваат на ваква бизарна стратегија.

Едно објаснување е дека „светците“ од самиот почеток сакаат да креираат натпревар што  нив им одговара. Момците на Луис Енрике сакаат да притискаат, да го доминираат просторот, сакаат да ги изморат противниците уште од првата минута – сакаат брз почеток.

Па за ова нема ништо подобро од тоа противникот да изведе аут длабоко на својата половина, ситуација во која има малку опции како да ја врати топката во игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×