Што научи Рубен Аморим откако пристигна во Манчестер јунајтед?

by riste
0 минути читање

Рубен Аморим беше импресивен како тренер на Спортинг Лисабон, но во Манчестер јунајтед руши негативни рекорди, португалскиот стратег е на работ на отказ.

Аморим зборуваше за тоа што научил откако стана тренер на Манчестер јунајтед.

„Навистина е тешко, комплетно поинаква реалност“, вели Аморим.

„Играв 7-8 натпревари против англиски тимови во Лигата на шампионите и Лига Европа, но да се игра во оваа лига е комплетно различно“.

Официјално раководството на Јунајтед уште му дава поддршка на Аморим, но се верува дека ако не дојдат резултати во блиска иднина, разделбата ќе биде неминовна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×