Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година не искористи добра прилика да ја изненади Италија и во натпревар во кој најголем дел од натпреварот имаше фудбалер повеќе загуби со 0-1.
Италијанците од самиот старт беа подобар противник на теренот и се играше повеќе на нашата половина. Но, по едно невнимание на дефанзивецот Моруци, Гаштаров украде топка и тргна кон голот.
Во тие моменти фудблерот на Црвена Звезда беше соборен, а судијата со право го испрати италијанскиот репрезентативец во соблекувалната. Само некоја минута подоцна Македонија имаше одлична прилика преку Трајков, меѓутоа не ја искористивме.
Казната стигна во 35. минута кога по еден прекин топката дојде до Маријанучи кој со волеј ја смести топката зад грбот на Василев. На крај тој гол на членот на Наполи се покажа и како одлучувачки.
Македонија во второто полувреме имаше иницијатива, видовме и сомнителна ситуација во која можеби бевме оштетени за пенал, но резултатот не се промени.
За Македонија ова е втор пораз во исто толку натпревари во квалификациите за Европското првенство во 2027 година откако го загубивме и дуелот со Полска на гости во Краков во првото коло со 3-0.