Шпицот Мерино херој на Арсенал во градското дерби (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Арсенал слави во дербито на 29. коло во Премиер лигата против градскиот ривал Челси со 1-0 (1-0).

Натпреварот на „Емирати“ го реши единствениот погодок на Микел Мерино. Играчот за врска кој на последните натпревари настапува како напаѓач стигна до шестиот гол сезонава. Течеше 20. минута од мечот кога Мерино погоди по корнер со глава за 1-0, резултат кој потоа се испостави како конечен.

Во продолжението од средбата мрежите мируваа до крајот, а Арсенал стигна до 58 бода на втората позиција, додека Челси има 49 на четвртото место.

Во „малото“ лондонско дерби Фулам слави со 2-0 против Тотнем и ја продлабочи агонијата на овој тим. Средбата на „Крејвен Котиџ“ долго немаше голови, а потоа во завршницата Родриго Муниз и Рајан Сесењон донесоа три бода за домашните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани