Шпанските клубови нема да молчат: Подготвени се да ја тужат Барселона поради Олмо

by Стефан
1 минути читање

Eдна од главните теми во фудбалскиот свет во овој момент е ситуацијата со Дани Олмо во Барселона.

Барселона не успеа да ги регистрира Олмо и Пау Виктор, па двајцата во овој момент официјално се без клуб. Дел од медиумите пишуваат дека се чекаат документите за продажба на местата во ВИП ложата, но се појавија и информации дека таа зделка пропаднала.

Но, одредени клубови во Ла Лигаа сега ја информирале Ла Лига дека ќе ја тужат ако дозволи регистрација на двајцата фудбалери по рокот кој истече со завршувањето на годината.

Во медиумите се потсетува и на случајот Негреира наведувајќи дека тоа ќе биде ништо во споредба со медиумската хајка што ќе ја приредат ако сето ова помина и Олмо и Виктор добијат можност да настапуваат за Барселона во вториот дел од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани