Реал Мадрид ја продолжи победничката серија со триумф од 3-1 против Виљареал, но натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ не мина без контроверзии. Гостите имаа сериозни забелешки на судењето, особено на пеналот по кој „кралевите“ поведоа со 2-0.
Иако контактот помеѓу Винисиус Жуниор и противничкиот дефанзивец постоеше, фудбалерите на Виљареал сметаат дека токму Бразилецот го иницирал дуелот. Сепак, судијата без двоумење покажа на белата точка, а неколку минути подоцна го исклучи Мурињо по старт повторно врз Винисиус, што дополнително ја разгневи гостинската екипа.
„Дојдовме овде со цел да победиме, но не успеавме. За она да биде пенал мора да има посериозен контакт, видете само како падна. Потоа и црвениот картон е исто така проблематичен, Мурињо само стои, не знам што виде судијата. Тешко е да се победи на Бернабеу, а кога ќе ви се случат вакви работи, тоа станува невозможно“, изјави по мечот фудбалерот на Виљареал, Комесана.
This was awarded to Real Madrid as a penalty 😭😭 pic.twitter.com/SnsldIER33
— Henry 🗣 (@CfcHenry7) October 4, 2025