Шпанската јавност на нозе: Заслужи ли Џерард Мартин црвен картон? (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона го искористи киксот на Реал Мадрид и направи сериозен исчекор кон титулата во Ла Лига, откако славеше на тешкото гостување кај Атлетико Мадрид со 1-2.

Натпреварот понуди и драматични моменти, особено на стартот од второто полувреме. Во 46 минута судијата Матео Бускетс Ферер првично му покажа директен црвен картон на Џерард Мартин поради старт над Тиаго Алмада. Сепак, по реакција од ВАР собата, главниот арбитар ја прегледа снимката и ја промени одлуката, па наместо исклучување, дефанзивецот на Барселона доби само жолт картон.

Дополнителна тензија внесе и ситуацијата од крајот на првото полувреме кога Николас Гонзалез беше исклучен кај Атлетико, па домаќините очекуваа израмнување на бројот на играчи на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×