Шпанецот кој доби отказ во Премиер лигата станува селектор?

by Стефан
1 минути читање

Шпанецот Јулиен Лопетеги според последните информации е во преговори со репрезентацијата на Белгија за местото селектор на оваа репрезентација пренесуваат белгиските медиуми.

Лопетеги е без работа од 8 јануари откако доби отказ во Вест Хем, а неодамна Белгија одлучи да се раздели со Доменик Тедеско поради лошите резултати.

Сепак, Белгија има и други опции, а покрај Лопетеги се споменуваат уште имињата: Тиери Анри и Руди Гарсија.

Лопетеги во период од 2016 до 2018 година беше селектор на Шпанија и селекцијата ја водеше на 20 натпревари во кои немаше пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани