Шпанците тврдат: Кариерата на Модриќ во Реал Мадрид завршува!

by Стефан
1 минути читање

Лука Модриќ има договор со Реал Мадрид само уште нешто повеќе од два ипол месеци и според информациитен а шпанските медиуми мали се шансите хрватскиот ветеран да добие нов договор.

„АС“ пренесува и дека во слична ситуација се Лукас Васкез и Давид Алаба. Модриќ во септември ќе наполни 40 години и во Реал немаат навика да ги задржуваат фудбалерите во поодминати години, но Модриќ досега и во овие години покажа дека заслужува да биде во Реал.

„Кога работите се добри, тогаш се оди полесно. Така и продолжувањето на договорот. Тоа се случи минатата сезона со Модриќ и Васкез и направено е во склад со правилата во Реал, договор на една година за играчите над 30 години. Сега кога работите не одат како што треба тие две продолжувања на договорот се загрозени“, истакна „АС“.

Со оваа ситауција Реал ќе се занимава кога сезоната ќе заврши, а разликата со Давид Алаба кој има 32 години е тоа што тој има договор и за следната сезона и за него ќе се разговара за некој месец.

Се потсетува и дека Реал Мадрид веќе работи на засилувањата за наредната позиција и се споменуваат: Арнолд од Ливерпул, Зубиаменди од Сосиедад и Дин Хујсен од Бормут/

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани