Шпанците откриваат: Арбелоа казни една од ѕвездите на Реал во градското дерби

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид славеше со 3-2 во дербито против Атлетико, но одлуките на тренерот Алваро Арбелоа пред натпреварот предизвикаа изненадување кај навивачите. Иако се очекуваше Трент Александер Арнолд и Килиан Мбапе да бидат стартери, двајцата останаа на клупата, а шанса од првата минута добија Дани Карвахал и Брахим Дијаз.

Особено внимание привлече изборот на Карвахал, кој го одигра својот трет натпревар по операцијата на коленото во октомври. Тој помина 64 минути на теренот, по што влезе Александер Арнолд и асистираше за победничкиот гол на Винисиус.

„Марка“ открива дека англискиот бек требало да стартува, но бил казнет поради доцнење на еден од тренинзите минатата недела. Поради тоа, Арбелоа решил да го остави на клупата. Ваквите дисциплински мерки не се непознати во шпанскиот фудбал. Тренерот на Барселона, Ханси Флик, често казнува играчи за доцнење, а сличен пристап сега воведе и Арбелоа.

Иако ваквата одлука носи ризик во соблекувалница полна со големи ѕвезди, според информациите тренерот ја има поддршката од играчите, што може да значи дека ваквата практика ќе продолжи и во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×