Шпанците најавуваат „бомба“: Чави преговара за преземање на Милан!

by 24 фудбал
1 минути читање

Челниците на Милан иако јавно го поддржуваат Пауло Фонсека, поради резултатската криза и лошите настапи во Серија А ги разгледуваат опциите за потенцијална замена.

Вистинска „бомба“ се најавува во Шпанија. Тамошниот медиум „Ел Насионал“ пишува дека Чави Хернандез е во напредни преговори со „росонерите“ за преземање на клупата во блиска иднина. Според најавите Шпанецот е отворен да го преземе Милан и да се обиде да го врати на победничките патеки.

Тренерот Пауло Фонсека е на „тенок мраз“, особено по последното реми без голови против Џенова. Делува дека Португалецот одново е под притисок, а тоа веќе се случуваше на почетокот од сезоната и тој се извлекуваше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани