Шпанците лансираа „бомба“: Барселона го прави третиот најскап трансфер во историјата!?

by Стефан
1 минути читање
Лапорта

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона и Арсенал водат жестока трка за потписот на аргентинскиот напаѓач и фудбалер на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез.

Според информациите на шпанските медиуми потенцијалниот трансфер би можел да достигне сума од дури 150 милиони евра, што би го направило трет најскап трансфер во историјата на фудбалот.

Спортскиот директор на Барселона, Деко, веќе одржал состанок со агентите на Алварез, а во каталонскиот клуб во него гледаат долгорочна замена за Роберт Левандовски.

Сепак, Атлетико Мадрид нема лесно да се откаже од еден од своите клучни фудбалери. Алварез оваа сезона има учинок од 11 голови и пет асистенции на 28 настапи, што го прави исклучително важен дел од тимот, особено кога станува збор за евентуален трансфер во редовите на директен ривал како Барселона.

Промена на ставот на мадридскиот клуб би била можна единствено со навистина огромна понуда за фудбалерот, кој има договор до летото 2030 година. Според „Трансфермаркт“, пазарната вредност на Алварез во моментов изнесува 100 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×