74
Реал Мадрид со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао, момците на Чаби Алонсо конечно одиграа еден натпревар според сите очекувања.
Резултатот го отвори Килијан Мбапе со гол уште во седмата минута, а потоа беше полесно.
На три минути пред крајот на првото полувреме по една одлична акција, Мбапе со глава асистираше до Камавинга кој исто така со глава реализираше за водство од 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Мбапе со својот втор гол на натпреварот. Тоа се случи во 59. минута по аситенција од Карерас.
Kylian Mbappe vs Athletic Club
— 𝘼𝙣𝙣𝙭𝙨 (@annxsprods) December 3, 2025
MOTM pic.twitter.com/GPkPIcQ6rF
Ова е многу важна победа за кралскиот клуб по лошите резултати во последно време.