Шомородов во 94. минута го шокираше Билбао, Рома носи предност на „Сан Мамеш“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипите на Рома со пресврт славеше победа 2:1 против Атлетик Билбао и со предност ќе патува на реваншот нна „Сан Мамеш“.

Првото полувреме не донесе преголеми возбудувања и во него видовме само еден удар во рамките од голот на Рома, додека Атлетик Билбао не шутираше ниту еднаш во рамката од голот Свилар.

Клубот од Баскија до водство стигна по пет минути игра во второто полувреме, а стрелаше Ињаки Вилијамс.

Рома брзо возврати и веќе во 56. минута Анхелињо ги врати работите како на почетокот. Во продолжение имаше по некоја прилика и на двете страни, но за нов гол се чекаше се до самата завршница.

Херој на „волчицата“ беше Шомуродов кој стрелаше во 94. минута.

На останатите три средби, Ајнтрахт славеше против Ајакс во Холандија со 1:2, Бодо Глимут стигна до голема победа над Олимпијакос од 2:1, додека Лацио и со два играчи помалку славеше над Викторија Плзен со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани